Ако нема доволно витамини, минерали и вода, телото јасно ни дава знаци дека нешто ни недостига. Како да ги препознаете знаците кои укажуваат дека не внесувате доволно зеленчук?
Модринки
Ако забележите дека секој помал удар предизвикува модринки тоа може да значи дека ви недостасуваат одредени витамини. Недостатокот на витамин Ц може да предизвика повеќе модринки отколку што е нормално бидејќи витаминот Ц помага во зараснувањето и создавањето на колаген. Значи, збогатете ја исхраната со пиперки, брокула и карфиол бидејќи се богати со овој витамин.
Имате чувство на глад по оброкот
Ако забележите дека сте гладни еден или два часа по јадење, тоа може да значи дека во претходниот оброк не сте внеле доволно влакна.
Исцрпеност
Ако сте постојано уморни, а не знаете зошто е тоа така би требало да обрнете внимание на исхраната. Зеленчукот ги дава сите хранливи состојки потребни да ја зголемат енергијата кај луѓето.