Што сакаат машките хороскопски знаци да носи девојката на првиот состанок?

Loading...

Кога треба да одиме на состанок, првата работа што ни се врти во глава е „што да облечам?“ Или пак, тоа е една од поважните работи на која мислиме. Од една страна, тоа што ќе го избереме сакаме да биде удобно, а од друга страна пак да биде атрактивно и секси. Ако не знаете што да облечете, овој пат ѕвездите ќе ви откријат што неговиот хороскопски знак сака да носите на првиот состанок. Со таа комбинација ќе го привлечете неговото внимание и бидете сигурни, веќе сте го освоиле.

Овен

Мажот Овен е најжежок од сите хороскопски знаци, па затоа на првиот состанок со него облечете црвено. Поточно, што повеќе црвено толку подобро. Овните сакаат да го гледаат женското тело , па најдобро е да носите облека која ги истакнува сите ваши атрибути. Доколку сте згодни, облечете го најкраткиот фустан кој го имате, бидејќи Овните сакаат жешки девојки.

Бик

Биковите, за разлика од претходниот знак, се повеќе традиционални. Затоа на првиот состанок со нив најдобро е да носите едно парче облека кое ќе открие некој дел од вашето тело, а остатокот од гардеробата да биде позатворен. Одлучете се за природна шминка и убав накит. Овој знак сака земјени бои, како што се кафеавата и зелената, па не се колебајте дали да ги искомбинирате за првиот состанок.

Близнаци

Близнаците се забавни и сакаат да си играат, па за нив облечете нешто слатко и тренди. Со обѕир на тоа дека Близнаците се детинести, тие сакаат кога девојката се облекува младешки и со многу весели бои.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...