Што се случува во вашето тело кога ќе испиете чаша вода веднаш штом се разбудите?

Како што веќе сите добро знаеме, хидратацијата е клучна за правилно функционирање на нашето тело, а консумирањето вода има и краткорочни и долгорочни придобивки за нашето здравје.
Во текот на денот, експертите советуваат да консумираме околу 2 литра вода, а со овој ритуал треба да започнеме веднаш штом ќе се разбудиме.
А еве и зошто:
Го одржува здравјето на кожата
Водата му помага на нашето тело побрзо да се ослободи од токсините, а со самото тоа и нашата кожа станува поздрава и поблескава. Истражувањата покажуваат дека пиењето вода наутро ја подобрува циркулацијата и влијае на формирање на нови клетки, додека недостатокот на вода во организмот влијае на појавата на брчки и подлабоки проширени пори.
Помага во борбата против вишокот килограми
Покрај тоа што со пиењето вода стануваме помалку гладни и немаме „напади на глад“, нејзината консумација наутро му помага на телото да ги исфрли токсините, а во исто време ја подобрува и работата на цревата.
Го забрзува метаболизмот
Пиењето вода на празен стомак го забрзува метаболизмот за 24 отсто, а со забрзување на метаболизмот, нашиот дигестивен тракт побрзо ја вари храната. Исто така, водата ги чисти цревата, што им олеснува на органите да ги апсорбираат хранливите нутриенти од храната.
Ја ублажува жиговината
Жиговината може да предизвика зголемување на желудочната киселина, како и киселински рефлукс во хранопроводот, а пиењето вода наутро ја враќа киселината во желудникот. Исто така, кога ќе дојде време за појадок, нема да ги почувствувате симптомите на жиговина.
Го одржува здравјето на бубрезите и мочниот меур
Киселината може да влијае и на појавата на камења во бубрезите, а водата ја спречува оваа појава бидејќи ги чисти истите. Исто така, пиењето вода му помага на телото да ги исфрли токсините кои влијаат на воспалителните процеси во мочниот меур.
Го зајакнува имунолошкиот систем
Консумирањето вода на празен стомак го балансира лимфниот систем, а стабилниот лимфен систем го зајакнува имунолошкиот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.