Што се случува во телото кога јадете сладолед?

Претходните истражувања во текот на годините покажаа дека претераното јадење сладолед може да доведе до дебелеење, срцеви заболувања, па дури и да ја наруши дигестивната микрофлора.
За среќа, не е сè така црно, па од сладоледот може да добиеме и калциум потребен за нашето тело, но едноставно се чувствуваме добро кога го јадеме.
За жал, сега е откриена уште една негативна страна за јадењето сладолед, особено ако сакате да го јадете навечер, пред спиење.


Јадењето сладолед пред спиење може да го наруши вашиот сон, односно квалитетот на сонот. Иако се потребни уште многу истражувања за поврзаноста на исхраната со сонот, досегашните сугерираат дека навиките на исхрана влијаат на тоа како спиеме.
Едно истражување покажа дека луѓето кои полошо се исхрануваат и внесуваат многу повеќе калории, особено во форма на додаден шеќер, полошо спијат.
Додадениот шеќер е главен виновник за лошиот квалитет на спиење, поврзан со лошата исхрана. Телото влегува во најквалитетен и најдлабок сон кога телесната темепратура ни е ниска, а ако пред спиење се најадеме со многу шеќери, телесната температура е повисока и потешко паѓаме во длабок сон.
Еден вид сладолед е особено проблематичен, станува збор за чоколадниот сладолед. Покрај шеќери содржи и кофеин и теобромин, антиоксиданс кој делува како стимуланс и нè држи будни.
Ако и по ова не сакате да се откажете од сладолед пред спиење, при купување обрнете внимание на декларацијата и бирајте сладолед со ниска содржина на шеќер, пишува Eat This, Not That.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.