Умерена количина на кафе може да придонесе за зачувување на здравјето на мозокот, но прекумерна количина може да нанесе штета.
Невозможно е да го замислите почетокот на денот без кафе. Тоа ја подобрува концентрацијата, расположението, а исто така и нè буди.
Доколку сакате да престанете да пиете кафе, експертите советуваат тоа да го правите постепено.
Кога од телото го исфрлате целиот кофеин може да се јави главоболка поради неговиот недостаток.
Покрај тоа, наглото намалување на кофеинот може да резултира и со проблеми при концентрацијата, па поради тоа доколку сакате да го исфрлите кафето од употреба треба да започнете да пиете бескофеинско кафе.
Студија која била правена неодамна покажала дека пиењето на повеќе од шест шолји кафе дневно е поврзано со зголемен ризик од деменција, за дури 53 отсто. За здрави и возрасни луѓе, 400 милиграми кофеин дневно се смета за безбедно, што е околу 3 шолји.
Препорака е кафето да не се пие во подоцнежните попладневни часови поради тоа што може да предизвика нервоза и да го спречи опуштањето пред спиење. Поради тоа треба да избегнувате да внесувате кофеин најмалку шест часа пред да си легнете.
Исто така во кафето не треба да ставате премногу шеќер. Студија од 2019 година покажала дека прекумерното консумирање шеќер кај старите лица се поврзува со лоши когнитивни функции.
Мажите исто така не треба да внесуваат повеќе од девет лажички дополнителен шеќер дневно, а жените не повеќе од шест.