Мандарините се овошје богато со витамин Ц, обезбедуваат дури 80% од дневната потреба за овој витамин, покрај многубројните здравствени придобивки и со нив треба да бидете умерени во јадењето.
Витаминот Ц може да го забави развојот на болести на дебелото црево, а влијае и на астма, остеоартритис и ревматоиден артритис.
Покрај тоа, мандарините се богати и со витамини од Б групата, калциум, магнезиум, цинк и калиум. Исто така ја стимулираат функцијата на мозокот и придонесуваат за подобра меморија. Препознатливи се по пријатниот мирис и освежувачкиот вкус.
Но, како што треба во се да биде умерен, така е и со мандарините.
Кога ќе изедете повеќе од седум мандарини тоа може да влијае на зголемено ниво на шеќер во крвта, а преголемо ниво на фруктоза може да доведе до добивање вишок килограми.