Има многу здравствени придобивки за организмот, а прашањето е дали треба да јадете секој ден.
Придобивки од путерот од кикирики
Докажано е дека консумирањето на јаткасти плодови е поврзано со намален ризик од појава на неколку видови рак. Јаткастите плодови се богати со витамини, минерали, влакна и фитохемикалии.
Може да предизвика дебелеење
Путерот со кикирики има многу калории – во 2 лажици има околу 180 калории, така што ако претерувате со јадете путер од кикирики секој ден може да се здебелите.
Може да помогне и при слабеење
Ако јадете помали порции, путерот од кикирики може да го зголеми нивото на хормони кои го поттикнуваат чувството на ситост. Ако сте сити, нема да посегнете по чипс или друга брза храна. Затоа е убаво да го започнете денот со лажица путер од кикирики.
Важно е каков путер јадете
Не се сите исти. Ако јадете путер од кикирики секој ден, внимавајте каков јадете. Најдобро е само да си направите во блендер, а треба да ги избегнувате оние коишто се полни со адитиви, шеќери и масла.
Ќе бидете посреќни
Нутриционистите велат дека нема ништо лошо во тоа да јадете путер од кикирики секој ден ако ви се допаѓа и ве усреќува.