Сигурно досега ви се случило случајно да ја проголтате мастиката за џвакање. Најверојатно сте се запрашале дали е тоа здраво и дали може нешто да ви се случи?
Дали навистина ќе бидат потребни 7 години за да помине низ вашиот систем за варење? Дали мастиката навистина може да се замота околу срцето и желудникот?
Не грижете се, бидејќи сите овие набројани „опасности“ се всушност само митови. Вистина е дека дел од гумата за џвакање се состои од смола, масти, емулгатори и восок кои не се сварливи состојки, меѓутоа човекот во текот на животот јаде и многу други несварливи работи, но желудникот сепак излегува на крај со тоа.
Несварливите делови од гумата за џвакање, едноставно ќе се истуркаат низ вашиот систем за варење, сѐ додека на крај буквално не излезат од организмот.
Меѓутоа, доколку во краток временски период сте проголтале неколку мастики, можно е да настанат некакви проблеми, бидејќи системот за варење не би можел толку брзо да го изврши туркањето, па може да дојде до блокада на целиот процес на варење.
Тоа најчесто се случува кај децата, а во ваквите случаи е потребна лекарска интервенција. За среќа, тоа ретко се случува, па затоа следен пат кога случајно ќе ја проголтате вашата мастика на јаве или на сон, не грижете се – системот за варење ќе се погрижи за сѐ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.