Сите знаеме колку водата е здрава за нашиот организам. Но, дали некогаш сте се запрашале што ќе се случи доколку 9 дена пиете само вода, а се откажете од сите останати пијалаци?
Побрзо ќе ги изгубите килограмите
Доколку им кажете стоп на сите пијалаци, освен на водата, за само 9 дена, ефектот ќе биде ист како да сте истрчале 8 km.
На овој начин ќе ја поттикнете размената на материите го организмот и ќе ги намалите маснотиите во крвта. Воедно, водата во потиснува апетитот, што значи дека автоматски ќе внесувате помалку калории.
Мозокот и срцето функционираат подобро
Доколку пиете најмалку 5 чаши вода дневно, односно 1 литар, го намалувате ризикот од срцев удар за неверојатни 41%. Освен тоа, ќе се зголеми и протокот на кислород низ телото.
По 8 испиени чаши вода, активноста на мозокот се зголемува за 30%, кожата станува понежна и почиста. Водата го чисти лицето и ѝ ја враќа влажноста на кожата.
Се намалува ризикот од болести
Доколку пиете многу вода, имајте предвид дека го зајакнувате имунитетот. Со мала и едноставна промена како пиењето вода, ќе успеете да го намалите крвниот притисок, побрзо да го излекувате воспалениот мочен меур, па дури и да спречите развивање на рак на дебелото црево.