Ако имате гребнатини, траги или дамки на ѕидовите, не грижете се. Со овие две состојки повторно ќе бидат чисти и уредни
Без разлика дали се работи за лепливи отпечатоци од раце или разни гребнатини и дамки, нечистотијата може да се наталожи на ѕидовите со текот на времето, а нивното чистење може да изгледа како застрашувачка задача. Сепак, според еден корисник на Tik Tok, постои еден лесен начин за чистење што може да го забрза процесот.
Според „Експрес“ таа во своето видео на профилот на Tania Home Inspo објаснила дека ви требаат само сода бикарбона, средство за дезинфекција и валјак за бојадисување на ѕидовите. Видеото покажува како се раствора една лажица сода бикарбона во сад со топла вода и потоа се додава малку средство за дезинфекција пред да се измеша сѐ.
После тоа, со помош на валјак нанесете ја смесата на ѕидовите, за да ги покриете сите дамки и траги. На крајот од видеото, Тиктокерката потврдува дека трикот функционира, и вели дека ѕидовите уште подобро мирисаат. „Чистењето на ѕидовите можеби изгледа непотребно, но родителите знаат дека децата лесно ќе го извалкаат, а со овој трик брзо ќе се ослободите од сите дамки“, вели таа.