Можеби и не е така лошо денот да го започнете со малку чоколадо, всушност тоа можеби и воопшто не е лоша идеја. Истражувачите од „Brigham and Women’s Hospital“ го проучувале влијанието на млечното чоколадо врз исхраната на жените во постменопауза, за труд објавен во „The FASEB Journal“.
Студијата анализирала 19 жени во постменопауза. Жените консумирале 100 грама млечно чоколадо во рок од еден час по будењето или во рок од еден час пред заминување во кревет. Потоа ги споредувале нивните мерки со мерките на жените кои не консумирале чоколадо.
Истражувачите велат дека утринскиот или вечерниот внес на чоколадо не довело до дебелеење и дека јадењето чоколадо наутро или навечер може да влијае на гладот и апетитот, составот на микробиотите, сонот и други фактори.
Тие исто така откриле дека внесот на чоколадо во текот на утринските часови всушност може да помогне во согорување на маснотиите и намалување на нивото на глукоза во крвта. Јадењето чоколадо навечер исто така може да го промени метаболизмот следното утро.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.