Јануарска депресија навистина постои, еве како да ја избегнете

Не е кажано без причина дека јануари е најдепресивниот месец во годината: празни картички, враќање на работа, вируси и грип, несакани килограми. Како да се извлечеш од тоа?
Најлошото што можеме да направиме е да и се препуштиме. Постојат неколку начини како можеме да ја победиме:
Промена на изгледот
Нова Година – ново! Промената не мора да биде драстична, па дури и најмалата е добредојдена. Најзабележлива промена е секако промената на бојата или должината на косата, но ако не сте подготвени за овој чекор, можете едноставно да направите фризура што не ја носите секој ден.
Ако сте лојални на кармините месо боја, обидете се да ги замените со некои повпечатливи бои како црвената, розовата или портокалова. Во секој случај, ние сме сигурни дека подобро ќе се чувствувате по промената.


Вежбање
Еден од најефикасните начини за елиминирање на депресијата е – потењето! За време на вежбањето, телото ги ослободува ендорфините, попознати како хормони на среќата. Ова во голема мера помага во борбата против депресијата, а вежбањето е добро и за физичкото здравје.
По некое време ќе ги забележите првите резултати, кои исто така позитивно влијаат на расположението.
Општо чистење
Да, ние знаеме дека ова не звучи како добра идеја за вас, но верувајте дека тоа ќе ви помогне! Дали забележавте дека сте посреќни откако ќе се ослободите од непотребните работи во гардеробата, но и во целиот стан? Нередот и натрупаните работи можат негативно да влијаат на нашето расположение.
Освен тоа, чистењето може на некој начин да има катарзичен ефект и да нѐ прави посреќни. Покрај тоа, чистење е одличен начин да се раздвижите по излежувањето за време на празниците.
Излезете на свеж воздух
Затворањето дома нема да ви помогне во борбата против депресијата. Треба колку што е можно повеќе време да поминете на свеж воздух. Поканете пријател/ка или партнер на прошетка.
Не само што ќе уживате во свеж воздух, туку во разговорот со нив ќе заборавите и на се. По шетањето, ќе спиете како бебе. И сите знаеме дека квалитетниот сон е многу важен против депресија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.