Јапонија излезе од рецесија

Јапонија излезе од рецесија во последното тромесечје, покажуваат во петокот објавените службени податоци, кои одразуваат скромен раст на економија, протолкуван како сигнал за постепено економско јакнење.

Во последните три месеци од минатата година, јапонската економија пораснала за 0,2 отсто во однос на истиот период од претходната година. Претходно, два квартали по ред економските активности беа намалени под притисок на финансиските превирања во Европа, кои ја нагризаа извозната побарувачка, силниот јен и дипломатскиот спор со Кина.Излегувањето од рецесијата ќе биде добра вест за новиот јапонски премиер Шинзо Абе, чии први месеци од премиерскиот мандат ќе бидат одбележани со обновен оптимизам во врска со зајакнувањето на третата светска економија.
Макфакс
Јапонија излезе од рецесија во последното тромесечје, покажуваат во петокот објавените службен

Пронајдете не на следниве мрежи: