Јапонците имаат свој начин на подготовка на палачинки, а еве како може да ги подготвите дома. Треба да бидат воздушни и меки, затоа е најдобро да ги јадете дури се топли.
Состојки:
Шолја и пол брашно
Три лажици шеќер
Две лажици прашок за пециво
Пола лажица сол
1 ¼ шолја млеко
60 гр. путер
Пола лажичка екстракт од ванила
Една жолтка
3 белки
¼ лажица вински оцет
Мед или јаворов сируп
Начин на подготовка:
Промешајте брашно, шеќер, прашок за пециво и сол.
Во друг сад промешајте млеко, путер, екстракт од ванила и жолтка, па добро изматете.
Со миксер изматете ги белките со винскиот оцет додека да добиете пенлива смеса.
Потоа, во сад со сувите состојки додајте ја смесата со млеко и добро измешајте. Во тоа додајте третина од изматените белки, па полека измешајте и додајте го остатокот од белките. Промешајте повторно со лесни движења.
Намачкајте го калапот со облик на прстен со масло од внатрешната страна, премачкајте го тавчето и загрејте го на средна температура.
Ставете го калапот во тавчето и додајте ја смесата за палачинки до половина.
Поклопете го тавчето и оставете на огин додека палачинката стаса до горе, околу 5 минути.
Потоа, свртете ја палачинката на друга страна заедно со калапот и пржете ја уште пет минути додека да добие златеста боја.
Префрлете ја на чинија. Истото направете го со преостаната смеса и прелијте ги палачинките со мед или јаворов сируп и јадете ги топли.