Мери Френсис Кенеди Фишер беше американска кулинарска експертка која почина во 1992 година, но нејзините готвачи и книги со совети и денес предизвикуваат голем интерес.
Така, издавачите неодамна подготвија реиздание на нејзината книга „How to Cook A Wolf“ од 1942 година, во која Мери, меѓу другото, зборува за методите што ги користиме при варењето јајца и зошто тие се погрешни.
Смета дека изразот „варење јајца“ е неточен и дека тајната на успешното подготвување на оваа храна лежи во тоа што всушност тие не се варат. Објаснува дека во моментот кога ќе го ставите јајцето во зовриена вода, жолчката останува сурова, а белката веднаш се вари. Целта е да се сварат сите делови од јајцето во исто време и на ист начин.
Затоа таа нуди две алтернативи со кои смета дека се постигнуваат подобри резултати. За да не пука лушпата, предлага прво јајцето да го прелиете со ладна вода, па дури потоа да го ставите во врела вода. Оставете го на тивок оган колку сакате, а Фишер напоменува дека на овој начин ќе се свари исто толку брзо како кога ќе крчка водата, но ќе биде подобро сварено.
За вториот метод предлага јајцето да го потопите во ладна вода која потоа брзо ќе ја загреете и штом зоврие јајцето ќе биде готово и спремно за консумирање. Сепак, таа признава дека овој начин има недостаток, бидејќи потешко е да се исчисти лушпата од јајцето ако ја користите оваа метода.
Освен тоа, јајцата на овој начин меко се варат, а од здравствени причини денеска сите експерти препорачуваат јајцата да се варат тврдо, особено за малите деца.