Јоко Оно со крвавите очила на Ленон против оружјето

Јоко Оно на својот профил на ресурсот за микроблогирање Twitter објави потресна фотографија од очилата замачкани со крв кој нејзиниот сопруг славниот „битлс” Џон Ленон ги носел денот кога беше убиен, со тоа повикувајќи на усвојување на законот за контрола на оружјето.

 „Повеќе од 1.057.000 луѓе се убиени од огнено оружје во ДАД откако Џон Ленон беше убиен на 8-ми декември 1980 година”, напиша неговата вдовица Јоко Оно.
„Смртта на личноста којашто ја сакате е страшно искуство. И по 33 години му недостасува на нашиот син Шон и на мене”, додава Оно.
Јоко Онo и Џон Ленон во средата би требало да ја прославата 44-годишнината од нивниот брак.
Џон Ленон пред зградата во која живееше во Њујорк беше убиен од душевно пореметениот Марк Чепмен.
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама по серијата масовни убиства пред крајот на минатата година, особено на дваесетте деца од шест и седумгодишна возраст во училиштето во Њутаун во сојузната држава Конектикат, започна кампања при која се соочува со големи отпори во настојувањата во Конгресот да го протурка новиот закон за контрола на вооружувањето на американсктие граѓани.
Makфакс
Јоко Оно на својот профил на ресурсот за микроблогирање Twitter објави потресна фотографија од очилата замачкани со кр

Пронајдете не на следниве мрежи: