Ако вашата машина за перење алишта не пере како порано и ако изгледа дека алиштата не мирисаат иако сте ставиле омекнувач, најверојатно треба темелно да се исчисти од бигор и нечистотија. Еве како можете тоа да го направите во три чекори, така што вашата машина за перење ќе работи како нова.
1. Измијте го дозерот за прашок и омекнувач
Дозерот во кој истурате детергент за перење и омекнувач обично се наоѓа на левата страна на машината, веднаш под капакот. Дозерот е во форма на фиока; внимателно извлечете го од лежиштето, отстранете ја преградата и добро измијте ги и дозерот и преградата.
Ако забележите дека има скаметени грутки прав во дозерот што се залепени за пластиката, потурете ги со оцет за да омекнат, по што лесно ќе ги отстраните.
Преградата во форма на решетка над која го истурате омекнувачот избришете го со грубата страна на сунѓерот за миење садови.
2. Дезинфицирајте го барабанот и елиминирајте го бигорот
Истурете онолку алкохолен оцет во дозерот за детергент и омекнувач колку што може да собере и истурете го остатокот од еднолитарското шише оцет во барабанот. Вклучете ја машината и стартувајте ја програмата со највисока температура. Алкохолниот оцет ќе го разложи бигорот кој се наталожил во барабанот.
Измешајте 400 грама сода бикарбона со 4 литри топла вода и истурете го овој раствор во барабанот. Поставете ја програмата на највисока температура, без претходно перење и повторете го испирањето двапати.
3. Измијте го филтерот
Извлечете го филтерот (обично се наоѓа во долниот дел на машината, под барабанот, покриен со маска), одвртете го и извадете го од машината. Ако често миете ќебиња, футронски дуксери, топли тренерки и гардероба со мониста, на краевите на филтерот, како и на неговата мрежа, сигурно ќе се акумулираат остатоци од материјал, што може да доведе до тоа машината да не испушта вода за време на перењето.
Отстранете ги, добро измијте го филтерот со четка и топла вода, а потоа вратете го во машината.