Ќе се прават помали кондоми за да им бидат точни на мажите

Откако едно најново истражување објавено во Journal of Sexual Medicine покажа дека просечниот пенис во САД е за 2,45 сантимери помал од минималната должина од 16,9 сантиметри по која се водат производителите на кондоми.
Откако едно најново истражување објавено во Journal of Sexual Medicine покажа дека просечниот пенис во САД е за 2,45 сантимери помал од минималната должина од 16,9 сантиметри по која се водат производителите на кондоми, Службата за контрола на храна и лекови на САД (FDA) одобри производство на помали кондоми.


Истражувањето на Универзитетот Индијана спроведено во 2014 година на 1.661 Американци покажа дека просечниот пенис во земјата е долг 14,1 сантиметри. Најдолгиот пенис во истражувањето бил долг 25,9 сантиметри, а најмалиот 4,06 сантиметри. Според Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), само околу една третина од Американците користат кондоми, а погрешната величина, што предизвикува лизгање, се наведува како главна причина да не се користи овој тип на заштита од сексуално преносливи болести и непланирана бременост.
Како реакција на овие сознанија, FDA одобри производство и продажба на помали кондоми во земјата.
Иако поголемите брендови за кондоми уште се немаат адаптирано на различните потреби во пракса, Global Protection Corporation почна да нуди кондоми во 60 величини, со должини од 12,4 до 23,8 сантиметри.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.