Ќофтиња со кашкавал

500 г мелено месо
200 г рендан кашкавал
1 главица кромид
3 јајца
3 лажици лебни трошки
масло, сол и мелен црн пипер
Замесете смеса од изренданиот кромид, меленото месо, лебните трошки, 1 јајце, сол и црн пипер. Формирајте ќофтиња и на средината направете им длабнатини. Наредете ги во тава и попрскајте ги со масло.
Кашкавалот измешајте го со 2 јајца и наполнете ги длабнатините на ќофтињата. Во тавата додадете 200 мл вода и печете 40 минути на 200 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.