Српскиот пејач Радиша Трајковиќ Џани го ожени помладиот син Марко пред две години, но за вчера беше закажано црковната венчавка како и свадбата во ресторан со речиси целата естрада.
Граѓанскиот брак се случил во декември пред две години, но поради мерките против коронавирусот истото немало прослава, па големата прослава семејството се одлучило да ја направи вчера во еден ресторан во Белград.
Сопругата на Џани буквално ги собра сите погледи, а изгледаше како вистинска бомба со оглед на годините што ги има.
Нејзиниот зелен фустан буквално и ја истакна линијата, а она за што се фатија папараците беше нејзиното огромно деколте кое го прикриваше со рацете.
Фустанот ги откри и нејзините нозе, а на едната се гледа и нејзината тетоважа.