четврток, 12 ноември 2026
Најново

ААВМУ покрена постапка за одземање на дозволата за телевизија Алфа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Агенцијата за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги едногласно покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Телевизија Алфа поради неплатен долг.

Телевизијата ќе згасне доколку не биде извршена уплата за дозволата за ТВ емитување, но како што беше потенцирано, има најави дека телевизиајта до крајот на месецот ќе изврши уплата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Радиодифузерот го нема платено надоместокот за емитување во утврдениот рок и затоа се предлага да се започна постапка за одземање на дозволата“, појасни директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски.

Фактурите Агенцијата ги издава во јануари, а досега 87% ги платиле. Од националните медиуми само ТВ Алфа не го подмирила долгот кон агенцијата.

Директорот на Агенцијата потенцираше дека имало најави дека Алфа својот долг ќе го подмири до крајот на февруари.

Освен Алфа, надоместокот не го платиле и ТВ МТМ од Скопје, ТВ Кочани од Кочани, ТВ Калтрина од Струга, Галакси од Кавадарци, РФМ Од Скопје и Џез ФМ од Скопје.

Поврзани вести