Авионот со Мадуро слета во воена база во Њујорк

Авионот во кој беа заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес слетаа во воената база на Националната гарда „Стјуарт Ер“ во државата Њујорк.

Се очекува венецуелскиот лидер да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје следната недела пред федералниот суд во Менхетен.

Двојката беше извлечена од нивната спална соба преку ноќ како дел од големата американска воена операција во Каракас.

Министерството за правда на САД денес објави ново обвинение против Мадуро, како и против неговата сопруга и син.  Пристигнувањето се пренесува во живо на Fox news.

Пронајдете не на следниве мрежи: