Автомобилските клучеви имаат опција која ретко кој ја знае

Денешните автомобили се полни со нови технологии и бројни трикови кои се таму за да ни го олеснат животот, а истото важи и за нивните клучеви.
Иако, покрај скриениот механички клуч, на прв поглед изгледа дека има само копчиња за отклучување и заклучување на вратите, со вистинската комбинација на овие две копчиња може да дојдете до некои изненадувања.
Клучот од автомобилот има голема тајна за која знаат многу малку сопственици на автомобили. Затоа направивме список на автомобили каде што може да се направи оваа тајна функција.
Денес, сите автомобили имаат безжични клучеви или едноставно ги нарекуваме далечински со кои ги отклучуваме и заклучуваме автомобилите, ја отвораме задната врата, но и го стартуваме моторот.
Некои од нив имаат и други функции кои се корисни. Еве за што станува збор.
На далечинскиот клуч притиснете го копчето за отклучување на автомобилот, отпуштете го и притиснете го повторно и држете го притиснато некое време. На овој начин, овозможивте автоматско спуштање и подигнување на прозорците.
Оваа функција е објаснета во фабричкото упатство за одржување на возилото, кое доаѓа со новиот автомобил. Но, кој ги чита тие, нели?
Се разбира, ова не функционира кај сите модели на автомобили, па сега веројатно се прашувате дали ќе работи и кај вашиот. Следува список на автомобили на кои работи:
– Acura (MDX/TL/TSX/ZDX)
– Alfa Romeo (159)
– Audi (A1/A2/A3/A4/A5/A6/A7/A8)
– BMW (3 Series/5 Series/6 Series/7 Series/M5/Z4)
– Chevrolet (Corvette/Equinox)
– Chrysler (Sebring/Town & Country)
– Dodge (Challenger/Charger/Durango/Grand Caravan/Journey/Ram)
– Fiat (Bravo)
– Ford (C-Max/F150/Focus/Focus Ghia/Fusion/Galaxy/Mondeo/S-Max/Taurus)
– Honda (Accord/Accord Crosstour/Odyssey/Pilot/Ridgeline)
– Infiniti (G25x/G35/G37/I30/I35/M35/QX56)
– Jeep (Grand Cherokee)
– Jaguar (S Type/XF/XJ8/XK8)
– Lexus (ES300/GS350/IS250/RX300/RX350/RX400h)
– Lincoln (LS/MKX/MKZ/Zephyr)
– Mazda (6/CX-9/MX-5 Miata)
– Mercedes-Benz (B180/C240/C300/CLK350/CLS550/E350/E430/E500/GL450/ML550)
– Mini Cooper (Clubman/S/Mayfair)
– Nissan (350Z/Altima/Armada/Maxima/Murano/Pathfinder/Titan)
– Opel
– Peugot (508)
– Saab (9-3)
– SEAT (Leon)
– Škoda (Fabia/Octavia II)
– Toyota (Prius)
– Vauxhall (Insignia/Vectra/Zafira)
– Volkswagen (Beetle/Golf/Jetta/Passat/Polo/Routan)
– Volvo (C30/S40/S60/V50)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.