недела, 15 ноември 2026
Најново

Автомобил се судри со камион на патот Куманово-Свети Николе-Овче Поле

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 10.01.2025 околу 20 часот во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе-Овче Поле, кај место викано „Оранжерии“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Ц.(39) од Свети Николе и товарно возило „фиат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.Т.(63) од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.Т. и неговиот сопатник С.К.(58) од Р.Србија, констатирани во Клиничката болница Штип.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Поврзани вести