Новоименуваната амбасадорката на Република Северна Македонија во Република Бугарија, Агнеза Руси Поповска денес, 10 октомври 2022 година ги предаде акредитивните писма на Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

По свечената церемонија, беше одржана протоколарна средба на која Претседателот Радев и’ посака добредојде на Амбасадорката со желби за успех во мисијата. Амбасадорката Руси Поповска се заблагодари за приемот и гостопримството и ја изрази подготвеноста посветено да работи на постигнување на благородните цели на мисијата за кои е назначена
Пронајдете не на следниве мрежи:


