Агнеса го препорача шеф Марк, дали за нејзе важи правилото: „Слатка си кога се лутиш“

Марк де Јонг има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство.

Марк де Јонг пред неколку години се преселил во Македонија за да го исполни аманетот од баба му која пред да почине го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка.
По 50 години, Марк се вратил во Македонија и одлучил тука да изгради потполно нов живот.

Марк е одиличен готвач и знае да прави вистински македонски специјалитети. Што се однесува до неговиот приватен живот, Марк е во брак со Василка.
Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка гостуваа во емисијата Магаизн на Сител и таму раскажаа како им поминува нивното секојдневие.

Марк де Јонг пред неколку години се преселил во Македонија за да го исполни аманетот од баба му

„Пиеме кафе со една лажичка шеќер, и се трудиме да го редуцираме, и да стасаме до кафе без шеќер“, рече сопругата на познатиот кувар од „Брза кујна“.
-Потоа појадуваме, интегрално лепче, кашкавал, путер“, додаде Марк и рече дека каде што живеат, во Сопиште, тој го нашол својот мир.

Агнеса го препорача шеф Марк, дали за нејзе важи правилото: „Слатка си кога се лутиш“

„Јас доаѓам од Белгија, од центарот, од Брисел, и во Македонија го најдов својот мир, го најдов она што ми фалеше во Белгија“, рече Марк.
-Имаме нова слика, чист воздух, имаме убавина, не можам да ви ја опишам убавината“, изјави Марк, а потоа неговата сопруга потоа раскажа со што тој ја освои неа:

-Мислам дека, од првиот ден, ние настапивме со искрен разговор, и мислам дека, таа негова харизма, но и искрениот пристап е нешто што ми влезе во срцето. Но, исто морам да кажам дека Марк е многу позитивен човек.
Човек којшто има несекојдневна позитивна енергија, и тоа е тоа што навистина се случува. Јас сакам позитивни луѓе, сакам да ја споделувам енергијата со луѓето, затоа велам, секој што е среќен човек околу мене, ме прави среќна.

Се надевам дека нашата среќа, нашата позитивна енергија, споделена со нашите блиски, го прави животот малце поубав. Не само нашиот, и на нашите блиски“, рече Василка за својот сакан Марк.
Но, Марк за жал веќе не е дел од популарното шоу „Брза кујна“.

-Мора да ви кажам на сите што ме следите … нема да бидам дел од наредната сезона на „Брза Кујна“… Се надевам оти ви е јасно за што не… Се гледаме во нови предизвици и им пожелувам само многу успеси во новата сезона на „Брза Кујна !!!“, напиша Марк.
Шеф Никола, сега тагува по својот колега и на Фејсбук, тој напиша: После 7 успешни сезони , после 1400 емисии, околу 6000 различни рецепти и многу интересни моменти , патиштата ни се разделија.

Шеф Марк, ми бесе чест, задоволство и предизвик да работам и снимам со тебе. Остави со сигурност голем печат во „Брза Кујна“, но сигурен сум каде и да одиш ќе бидеш поддеднакво успешен.
Еј стрико, остаревме заедно. Вака се започна“, напиша Никола на Фејсбук. Сега, Марк не може глава да крене од работа, а понуди фрчат од сите страни.

Популарниот готвач веќе има две деца – ќерка и син кои се возрасни и не живеат во Македонија.
Вака изгледа Микаел (Мики), синот на Марк кој живее во Белгија, за кого многумина велат дека е „плукнат“ во ликот на татко му…! Марк во помлади денови или негова „копи-пејст“ верзија“, објави „Вистина“ во една прилика.

Микаел според фотографиите кои Марк ги објави на Фејс, навистина личи на својот татко, ама како велат- крушата под круша паѓа, па и тој е готвач како и татко му и тоа доста успешен, што и се очекува од него.
Сега Марк се занимава со објавување на кратки видеа на Инстаграм на кои готви разни специјалитети и ги воодушевува неговите следбеници, секојпат со нешто иновативно.

Тој на секое видео го става насловот „Слатка си кога се лутиш“, што најверојатно се однесува на лутото пиперче, односно од таму потекнува оваа изрека.
Агнеса Органџиева на својот Инстаграм профил објавила видео од шеф Марк и напишала: „Погледнете го видеото“, што значи дека го препорачува шеф Марк кој готвеше див лаврак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.