Адвокат открива: Ова е најчестата причина поради која се разведуваат родители кои се вработени

Семејниот адвокат Денис Р. Ветрано кој живее во Њујорк, на својот профил редовно ги објавува трендовите што ги забележува во однос на разводот, односно паровите кои се пред ваква постапка.

Вели дека многу парови имаат стресни работни места и деца за кои треба да се грижат, а нивните врски често се распаѓаат бидејќи сепак се очекува жените да преземат поголем дел од домашните обврски.
Видеото, кое досега е прегледано повеќе од 4,7 милиони пати, започнува со прашањето: „Дали сакате да знаете кој е главниот проблем што го гледам во случаите на развод?
Потоа објаснува дека гледа како „вработените мајки прават сè, а сопрузите се држат настрана“. Тој вели дека „домаќинските работи не се делат подеднакво“.

-Таа се грижи за децата, купува намирници, пере, готви, работи, заработува и ги плаќа сметките, тврди адвокатот и додава дека забележал дека „мажите често мислат дека можат да се дружат со своите пријатели наместо да ги делат домашните обврски со партнерот.
Во видеото тој додава дека „жените се уморни и тоа често ги доведува до точка на „пукање“, која ги уништува врските“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.