четврток, 12 ноември 2026
Најново

Адел го купила имотот на Сталоне – погледнете го раскошот вреден 58 милиони долари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Британската пејачка Адел купила еден од имотите на популарниот актер Силвестер Сталоне по намалена цена, откако истиот не се продал за сумата која била првично понудена.
33-годишната Адел издвоила 58 милиони долари за огромниот имот во Беверли Хилс кој претходно се продавал за 110 милиони долари. Со оглед на површината од 1752 квадратни метри, на оваа екслузивна локација нема многу поголеми имоти.
Нејзиниот нов албум наречен „30“, како и претстојната турнеја ќе ѝ донесат одлична заработка на пејачката така што купувањето на овој луксузен имот нема да претставува ништо посебно кога станува збор за нејзините финансии.


Адел веќе поседува голема куќа во Лос Анџелес во која живее со синот Анџело.

Поврзани вести