Адел и Афлек изненадување на златниот глобус

Адел стигна до златен глобус преку Џејмс Бонд, додека Бен Афлек направи вистински повраток на годинешниот златен глобус.
Британската поп-ѕвезда и ко-автор Пол Епворт ја доби наградата за најдобра песна, со темата од фимот на Џејмс Бонд- „Skyfall“.  Адел возбудено изјави дека се заблагодарува на странскиот печат Холивуд, иако никогаш не помислила дека еден ден ќе го направи тоа.
Победувајќи го и  Стивен Спилберг, Бен АФлек преку трилерот за Иранскиот заложник „Арго“, беше вистинско изненадување на златниот глобус. Без здив од изненадувањето, Бен Афлек при доделувањето на глобусот изјавил  дека не е битно што е наградата, туку дека е многу среќен што неговото име се наоѓа меѓу другите добитници на златен глобус, посочувајќи кон Хали Бери, тоа е извонредно, изјавил Афлек.
„Les Miserables“ беше прогласен за најдобар мјузикл или комедија, додека Хју Џекмен и Ен Хатавеј добија награди за актерство.  Хју беше прогласен за најдобар актер во музика и комедија, додека Ана доби глобус за најдобра споредна женска улога.
„Ви благодарам за оваа прекрасна награда, секогаш ќе ми служи како оружје против сомнеж  во самата себе“, изјавила Ана.
Актерката од филмот „Zero Dark Thirty“, Џесика Частеин, освои глобус за драматична актерка, со улогата на ЦИА агентка, која го истражува Осама Бин Ладен.
Друга актерска награда освои Џенифер Лавренс за најдобра актерка во музика и комедија. Тарантино освои награда за најдобро сценарио.
Шкотската приказна „Brave“ ја доби наградата за најдобар анимиран филм. Австрискиот режисер Михаел Ханеке освои глобус за странски филм,  додека наградата за најдобри музички ефекти отиде кај Мајкл Дана и филмот „Животот на Пи“.Адел стигна до златен глобус преку Џејмс Бонд, додека Бен Афлек направи ви

Пронајдете не на следниве мрежи: