четврток, 12 ноември 2026
Најново

Адел ја купила вилата на Сталоне, но имала еден важен услов

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Актерот Силвестер Сталоне пред година ипол објави дека ја продава својата величествена палата во Лос Анџелес.
Иако првично сакаше да ја продаде палатата за 110 милиони долари, тоа не му успеа.

Имено, тој го продаде својот имот за 58 милиони долари на британската пејачка Адел. Таа имаше еден услов.
Сталоне требаше да ги исели своите работи, но Адел сакаше статуата на Роки, херојот на филмот што го прослави актерот, да остане таму каде што е – во дворот покрај базенот. Во спротивно немало да ја купи куќа.

Адел ја купила вилата на Сталоне, но имала еден важен услов

„Таа ми рече дека ако ја извадам статуата од двор, договорот се прекинува“, рече Сталоне со насмевка за американските медиуми и додаде: „Адел има добар вкус.“
Актерот откри дека статуата се наоѓа кај базенот и е моделирана по сцената кога Роки се качува по скалите на музејот во Филаделфија.

Поврзани вести