Адеми стави крај на репрезентативната кариера од лични причини



Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски следната седмица ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03) во турска Анталија.

Во видео изјава, предводникот на нашиот најдобар национален тим зборуваше за мартовските контролни мечеви и очекувањата од двете пресметки, потоа ситуацијата со клупските настапи на фудбалерите и за тоа дали ќе има промени во списокот на повикани фудбалери.

Милевски сподели дека македонската фудбалска репрезентација повеќе нема да смета на услугите на Аријан Адеми, откако фудбалерот за врска одлучил дека е време за крај на репрезентативната кариера.

– Посебно жалам поради отсуството на Аријан Адеми, кој од лични причини одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Имав разговор со Аријан. Ќе ни недостасува и како личност и како фудбалер. Категоричен е во одлуката. Чувствува дека ова е моментот за крај на настапите во репрезентацијата и нема да сметаме на него. Треба сите да искажеме благодарност за неговиот придонес за македонската репрезентација и за нашиот фудбал воопшто. Предложивме да организираме натпревар за простување, негова е одлуката за тоа дали тоа би се случувало на натпреварот против Хрватска на 3. јуни или на првиот домашен натпревар во Скопје, истакна Милевски на денешниот прес.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: