Аеродромот “Хитроу“ во Лондон повторно отворен

Откако претходно беа прекинати поради тоа што во близина на аеродромот “Хитроу“ во Лондон бил забележан дрон полетувањата на авиони се обновени. Како што наведуваат медиумите полицијата не потврдила дека дрон летал во близина на најголемиот европски аеродром.
„На основ на стандардните процедури и соработка со контролата на воздушниот сообраќај и полицијата го обновивме полетувањето на авиони од аеродромот “Хитроу“ наведено е во соопштението од лондонскиот аеродром, пренесе АП.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.