Аеродромци денес повторно на протест кај “Мајчин дом“

Жителите на Аеродром и за денес во 17 часот најавија протест против изградбата на висококатница пред „Мајчин дом“.
-Овие настани претставуваат спонтани граѓански собири, испровоцирани од поставувањето на градежната механизација и претварањето на тревникот во градилиште. Собирот е чист граѓански активизам, надпартиски, нема водач, нема единствен организатор – туку е поддржан од целата Фејсбук група ‘Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче – Воздух Сега!’. Собирите имаат за цел да ја испратат силно пораката до локалната, но и до централната власт : дека мора веднаш да се престане со сите градежни активности покрај Мајчин Дом и граѓаните веднаш да бидат вклучени во носењето одлуки, се вели во најавата за протестот.
Лажни беа предизборните ветувања на Златко Марин, кој во предизборието ветуваше едно, а сега прави сосема друго. Додека се избори за гласовите пред локалните избори, во функција на кандидат од СДСМ, тогаш ветуваше дека нема да дозволи да се уништува зеленилото кај “Мајчин дом“. Денес, во функција на веќе избран градоначалник, Марин прави нешто сосема друго. Објектот е преграден, машинерија дојде среде ноќ. Вчера граѓаните се собраа на протест на кој го искажаа своето незадоволство и побараа одговорност од Марин.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.