Азил во Грција бараат 74.000 луѓе

Заради 74-те илјади луѓе, кои според грчките власти, во моментов живеат и бараат азил во тек се активности за проширување на сместувачките капацитети и подобрување на условите на островите во камповите за бегалци и економски мигранти, кои во Грција доаѓаат по воден пат. Годинава во Грција влегоа 42.000 бегалци и мигранти, од кои 14.000 пристигнаа преку копно, главно од Турција.
Како што рече грчкиот министер за миграција, Димитрис Вицас во следните месеци околу 6. 000 лица од островите ќе бидат префрлени на грчкото копно. Условите во тие кампови континуирано се критикувани од страна на активистите за човекови права, ситуацијата е тешка и како што образложи Вицас 20. 000 луѓе живеат во објекти превидени за помалку од 10. 000. Тој не очекува зголемување на бегалскиот бран следната година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.