Ако купувате преку Интернет, мора да ги знаете овие работи

Најголем дел од луѓето пред да купуваат преку Интернет, особено ако станува збор за поскапи работи, прво добро треба да ги испитаат информациите за производите кои ги купуваат, а многумина носат одлуки базирани на искуства од луѓе кои веќе ги купиле тие производи и од прва рака можат да ги набројат негативните и позитивните страни.
На пример, ако купувате на Amazon, на дното на страницата се наоѓаат оценките и рецензиите на луѓе кои го купиле конкретниот производ и токму тие информации и рецензии можат да бидат клучни при носењето одлука за купување.


Иако би помислиле дека нема причина да не им се верува на рецензиите на корисниците, истражувањата на британската потрошувачка организација Which? покажуваат дека треба многу да се внимава при читањето на рецензиите затоа што дел од продавачите им плаќаат на корисниците за добрите и позитивни рецензии. Членовите на оваа организација така пристапиле до неколку групи во кои за добрите рецензии се даваат награди или се враќаат парите за купениот производ.
Значи, без оглед на квалитетот на производите и колку се задоволни од нив, рецензијата мора да биде позитивна и корисниците мора да даваат висока оценка за да можат да добијат награда или да им бидат вратени парите. Ваквата пракса, се разбира, е забранета на Amazon и на други платформи за купување, но покрај толку рецензии, тешко е да се препознаат лажните.
Ова се работи на кои мора да се внимава при купувањето преку Интернет и пред да платите за нешто, добро прочитајте што повеќе рецензии, и тоа по можност од различни страници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.