Недостатокот на квасец низ продавниците очигледно ги прави луѓето многу нервозни. Но постои начин како самите да си направите квасец во домашни услови.
Имајте предвид дека е потребно да поминат неколку денови со цел истиот да се активира. Но кога ќе се случи овој процес, понатаму го одржувате само со помош на брашно и вода и бидете сигурни дека секогаш ќе имате доволно резерви на квасец.
За да направите домашен квасец потребно ви е:
1 јаболко
750 g остро брашно
520 ml вода
Начин на подготовка:
Помешајте половина килограм брашно со 350 ml вода па додадете го изренданото јаболко. Добро промешајте и оставете ја смесата во поголема тегла.
Внимавајте смесата да не ја зазема целата тегла. Затворете ја добро и оставете да отстои 3 дена. Во овој период смесата би требало да нарасне и да се појават меурчиња.
Половина од подготвената смеса може да ја искористите веднаш бидејќи е „вишок“, а другата половина замесете ја со 250 gr брашно и 170 ml вода.
Ставете ја во чиста и сува тегла исто како и претходно и оставете ја неколку денови на собна температура, додека не се појават меурчиња, кога домашниот квасец е повторно спремен за употреба на истиот начин.
За поголем леб потребно ви е околу 250 g домашен квасец подготвен на овој начин. Остатокот одржувајте го активен само со додавање на брашно и вода во смесата.