Ако не си подготвен за врска, немој да ја влечеш за нос!

Кога ќе и кажеш дека не си подготвен за врска, таа единствено слуша дека таа не е тоа што ти го сакаш и дека не е доволно добра за да се откажеш од самечкиот живот.
Не очекувај дека ќе го чека моментот во кој ти е се одлучиш да ја прифатиш нејзината љубов. Затоа што додека ти сфатиш дека таа ја заслужува твојата љубов, нејзината нема да постои повеќе. Ќе љуби некој друг, кој ќе биде подготвен за неа.
Таа нема да гледа како излегуваш со други девојки, нема да чека да созрееш, да го тргнеш товарот од твоите рамена и да се навикнеш на идејата за моногамија.
Таа знае колку вреди. Таа знае дека позади твојата реченица „не сум подготвен за врска“ стои болката која ќе и ја зададеш, без оглед на тоа дали е тоа намерно или ненамерно. Можеби ќе ја задржиш за себе поради сексот, пријателството или сопствениот его трип, но во секој случај нема да го промениш своето мислење.


Таа знае дека нема да сфатиш дека таа заслужува шанса пред да и го скршиш срцето.
Ако ти треба одредено време за да си го средиш животот пред да се смириш, тоа е ссема во ред. Но, не барај од неа да те чека. Не очекувај да го стави својот живот на пауза и да чека еден ден да се разбудиш и да бидеш мажот кој таа го заслужува.
Размисли малку: Што ако одлучи да чека? Што ако го одбие секој маж кој ќе покаже интерес за неа, а ти на крајот се предомислиш? Што ако никогаш не бидеш подготвен да бидеш со неа? Што ако ти бидеш причината поради која таа нема да ја запознае својата сродна душа?
Ако малку барем се грижиш за неа,а не си подготвен за врска, не ја бакнувај. Не спиј со неа. Не флертувај со неа. Не ја уверувај дека еден ден би можела да биде твоја девојка. Не и давај лажна надеж кога знаеш дека нема шанси.
Ако ви е судено, можеби еден ден повторно ќе се сретнете. Можеби ќе се сретнете во совршениот момент.
Но, не ја задржувај кога знаеш дека сакате различни работи. Таа го сака секој дел од тебе, а ти го сакаш само нејзиното тело и нејзиното повремено друштво. Таа заслужува да биде со некој кој ќе и се посвети само на неа. Некој кој ќе им рече „збогум“ на останатите девојки. Некој кој ќе и ја даде целата своја душа.
Затоа, ако не си подготвен за врска, не и давај причина да мисли дека лажеш и дека е само прашање на време кога ќе го промениш своето мислење, затоа што твоите чувства кон неа се пресилни.
Не ја охрабрувај да те чека затоа што чекањето е одложување на моментот во кој ќе ти се скрши срцето.
Затоа, те молам, пушти ја. Не и носи повеќе болка. Пушти ја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.