Ако облеката ја сушите дома правите голема грешка, ова мора да го знаете

Многумина во текот на зимата облеката ја сушат во домот. Но, сушењето на облеката во затворен простор ја зголемува количината на влага во воздухот за 30 проценти. Со тоа се создаваат идеални услови за развој на габи, особено на габата „Aspergillus fumigatus“, која многу лесно се вдишува и на тој начин се внесува во организмот.
Оваа габа обично не е опасна за здравите луѓе, но кај оние со слаб имунитет може да предизвика воспаление на белите дробови.
Освен тоа, за здравјето на сите нас не е добро да се вдишува влагата во која се наоѓаат хемикалии од детергенти и омекнувачи, кои во мали количини и по перењето остануваат на облеката.
Најдобриот и најздрав начин за сушење на облеката е надвор на отворено, особено во пролетните и летните месеци, бидејќи меѓу останатото, ултравиолетовите зраци ги убиваат микробите и бактериите.
Сушењето на облеката надвор се препорачува и во зима и покрај ниските температури, а добро решение е и машината за сушење алишта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.