Ако често се досадувате, поголеми се шансите да влезете во депресија

Луѓето кои се способни долго да останат фокусирани на одредена задача се многу посреќни од оние кои лесно се лизнуваат во досадување, тврдат научниците.
Ако често не знаете што да правите со себе, не можете да ги завршите задачи, вадејќи се дека ви е досадно, обидете се да се тргнете од таа ситуација, бидејќи може да ве однесе на лош пат. Право во депресија. Тоа го покажа американската студија, во тек на која психолозите од Харвард ја следеле менталната состојба на повеќе од 2.000 луѓе. Резултатите до кои дојдоа, објавени во списанието „Science“, докажуваат спрега помеѓу здодевноста и лошото расположение.


Луѓето кои се способни долго да останат фокусирани на одредена задача се многу посреќни од оние кои лесно се лизнуваат во досадување. Научниците заклучиле дека тоа е постојано „скитување на мислите” и неуспевањето да се фокусирате на нешто е силен поттикнувач за депресија.
Покрај тоа, оние кои се жалат честопати дека им е досадно, дваиполовина пати повеќе се изложени на ризик од инфаркт или мозочен удар. Научниците претпоставуваат дека ова е така оти луѓето што се досадуваат се препуштаат на нездрави навики, пушат многу, пијат алкохол и јадат нездраво.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.