Ако јадете ваков појадок, ќе ги согорите калориите!

Консумирањето обилен појадок може да помогне при слабеењето, тврдат научниците.
Поточно, една студија објавена во магазинот „Клиничка ендокринологија и метаболизам“ вклучуваше лабораториски експеримент на луѓе кои јаделе нискокалоричен појадок и висококалорична вечера првиот ден и обратно, на вториот ден.
Резултатите покажале дека обилниот појадок го забрзува метаболизмот како резултат на термогенезата. Овој процес се однесува на бројот на калории што организмот ги троши за да се загрее телото и да се свари храната.


Ова може да биде клучот за губење на тежината и одржување на шеќерот во крвта во исто време, велат научниците.
Тоа би можело да биде клуч на губитокот на килограмите и истовремено задржување на нивото на шеќер во крвта, велат научниците.
Од друга страна, нискокалоричниот појадок го зголемува апетитoт, особено за слатки.
Термогенезата била 2,5 пати поголема кога испитаниците наутро јаделе висококалоричен оброк. Toj процес на затоплување е важен заради варењето на храната и протокот на крвтa. Различното време на јадење влијае на тоа колку калории телото користи за да може тој процес да го одработи.
Студијата исто така открила дека концентрацијата на шеќер во крвта и инсулинот е пониска после појадокот во споредба со вечерата. Исто така, оние што јаделе нискокалоричен појадок, копнееле слатки.
Освен тоа, оваа студија докажала дека најобилниот оброк треба да биде наутро, а најмалиот навечер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.