четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ако јадете обилен појадок, трошите двојно повеќе калории

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според најновата студија објавена во The Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism, јадењето обилен појадок наместо обилна вечера може да спречи појава на прекумерна дебелина и висок шеќер во крвта.

„Нашите резултати покажуваат дека оброкот изеден за појадок, без оглед на количината на калории што ја содржи, создава двојно повеќе термогенеза предизвикана од храната отколку истиот оброк изеден за вечера“, вели авторот на студијата, д-р Јулиан Рихтер од Универзитетот во Либек во Германија.
Истражувачите спроведоа тридневна лабораториска студија врз 16 мажи кои консумирале нискокалоричен појадок и калорична вечера, а во вториот круг од студијата го сториле спротивното.

Поврзани вести