Актерката тврди дека го научила на сè: Јас го направив Бред Пит маж!

Еден од најпознатите актери во светот, 56-годишниот Бред Пит, со децении мами воздишки на жените низ целиот свет. Меѓутоа, сега се огласи 58-годишната актерка Елизабет МекГоверн, која тврди дека мажественоста на Бред е – нејзината заслуга. Поточно, во онлајн интервјуто на пејачката Кели Кларксон, таа откри дека го научила овој „холивудска убавец“ како да се бакнува и дека нејзина e заслугата што тој денес е толку пожелен човек.


Актерката Елизабет Мекговерн, со која Бред Пит во 1994 година ја сними романтичната комедија „The Favour“, открила некои занимливости за сексапилниот актер.
За време на нејзиното гостување во емисијата која ја води пејачката Кели Кларксон, МекГоверн рекла дека Бред научил сè од неа и дека таа го научила дури и да се бакнува.
На прашањето дали некогаш го бакнала Бред Пит, Елизабета одговорила:
„Некој мораше. Јас го направив тоа затоа што ми платија. Бевме на сетот, глумевме.“
На тоа Кели Кларксон, која го водеше интервјуто за кое станува збор, искоментирала дека станува збор за навистина совршена работа.
– Да. Постојат и полоши начини да заработите за живот, па затоа не се жалев. Но, да, јас го научив. Јас го направив мажот каков што е денес. Тој научи сè од мене – смета актерката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.