четврток, 12 ноември 2026
Најново

Активирана руската станица за „судниот ден“: Испратена е енкриптирана порака пред разговорите Путин-Трамп, еве го видеото

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Енигмата наречена „Звучник“Ако не сте запознаени, краткобрановата радио станица UVB-76 (позната како „Звучник“) е енигма уште од Студената војна . Се верува дека за прв пат е активиран во 70-тите години на минатиот век.Сигналот се емитува на фреквенција од 4625 килохерци и наводно им припаѓа на вооружените сили на Русија.Ако го наместите радиото на 4625 kHz, ќе слушнете монотоно зуење кое се повторува со брзина од приближно 25 тона во минута, 24 часа на ден . Повремено може да се слушнат машки гласови како кажуваат пораки на руски.Не е познато од каде се емитува „програмата“. Долго време се претпоставуваше дека сигналот доаѓа од градот Поварово, во близина на Москва. Сепак, од 2010 година се шпекулира за локации во западна Русија.Бројни теорииМистериозната радио станица со децении ги окупирала умовите на специјалистите на САД и НАТО, а постојат неколку теории за нејзината намена.Некои веруваат дека го претставува внатрешниот комуникациски систем на армијата или разузнавачките служби, други дека испраќа сигнали во вселената , а трети дека е дел од нуклеарниот систем „Периметар“.Овој автоматизиран комплекс – познат на Запад како „Мртва рака“ – е создаден во СССР во екот на Студената војна, а денес го користи Русија.Наменет е за доставување борбени наредби до командните места и стратешките ракетни лансери во случај на ненадеен нуклеарен напад врз земјата, односно оштетување на главните комуникациски линии.

Поврзани вести