Полициски службеници од СВР Скопје заедно со Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат, ноќеска од 23 до 4 часот спровеле акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје.
-При контролата затекнати се шест малолетници кои консумирале алкохол. Лицата се приведени, а против одговорното лице се преземаат мерки во содејство со Државниот пазарен инспекторат. Констатирани се и два прекршока по Законот за приватно обезбедување, за немање лиценца за лице ангажирано како обезбедување, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инспекторите констатирале и прекршоци во однос на неиздавање фискални сметки и прекршување на Законот за пушење.
Пронајдете не на следниве мрежи: