Алармантно е во оваа земја: Има рекорден број новозаразени од Ковид-19

Иран денеска забележа над 34.900 нови случаи на коронавирус, со што беше соборен нов рекорд, откако бројот на заразени во понеделникот достигна 31.814.
Здравствените власти денеска забележаа 157 смртни случаи, со што вкупниот број починати од Ковид-19 достигна 89,479.
Алармантното ширење на Делта сојот предизвика нови ограничувања во земјата, така што владата нареди затворање на државните канцеларии и јавните места во Техеран.
Иран, кој ја претрпе најтешката епидемија на вирусот, исто така се бори со остри санкции од САД, глобална изолација, топлотни бранови и протести поради недостиг на вода на југозапад.
Здравствените работници предупредуваат дека болниците во главниот град Техеран се преполни со пациенти, додека само помалку од три проценти од Иранците се целосно вакцинирани.
Иранската влада објави дека нејзината домашна вакцина обезбедува околу 85 отсто заштита од коронавирусот, без да открива податоци и детали.
Иран ја увезе и руската вакцина „Спутник В“, како и АстраЗенека преку програмата Ковакс, поддржана од ООН.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.