Албански државјанин шверцал марихуана во земјава, фатен на магистралниот пат Струга-Ќафасан

Марихуана спакувана во три торби пронајдена е во патничко возило на магистралниот пат Струга-Ќафасан. Дрогата била скапувана во 62 пакувања.

Приведен е 46 годишниот албански државјанин со иницијали А. Т. од Поградец кој го управувал возилото „опел зафира“ со стручки таблички.
Дрогата е одземена, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: