Еден од најпознатите француски актери Ален Делон со судска одлука доби старател.
Според странските медиуми, старателот ќе го придружува во извршувањето на бројни задачи во секојдневниот живот, освен најважните, како што е продажбата на недвижен имот, што е функција која е оставена на одредена друга личност од доверба.
- Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во работните активности за обнова на жичарата…
- Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот од Абу Даби би можел да отвори нова дипломатска врата за УкраинаРазговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да уследат…
- Сметката на компанијата на Јелена Карлеуша блокирана поради долг од околу 7000 евраСметката на компанијата „JK Entertainment“ на пејачката Јелена Карлеуша е блокирана поради присилна наплата, а…
- Ова се 10 знаци кои покажуваат дека сте целосно будниЗарем не е очигледно дека почна да се чувствува глобалното будење?! Но ова будење не…
- Појадок кој го закрепнува целото тело: Се јаде 3 пати неделно, ги исфрла наталожените токсини и ги топи масните наслагиОвој едноставен рецепт ќе ви помогне целосно да го исчистите телото од наталожените токсини, да…
Старателот ќе му помогне и на Ален Делон во изборот на лекар кој ќе продолжи да го следи неговото здравје.
Имено, оваа одлука е донесена по бројните меѓусебни обвинувања во јавноста на децата на познатиот актер од почетокот на оваа година, по што реагираа адвокатите на Ален Делон кои побараа тој да биде ставен под судска заштита.
Браќата Антони и Ален Фабијан ја обвинија нивната сестра Анушка дека го запоставува нивниот татко и го искористува, додека Анушка поднесе тужба против браќата за клевета.
Алармот го вклучи и Ироми Ролен, жена која до неодамна беше покрај актерот и која изјави дека животот му е во опасност и дека веќе неколку месеци не ја прима препишаната терапија. Според Ален Фабијан, терапијата што му ја препишале лекарите во Швајцарија била прекината во договор со француските лекари, но Анушка негира дека овој потег бил договорен. Не се знаеше дали Ален Делон може сам да одлучи дали сака да го продолжи лекувањето или не.






