Алиу не открива дали ќе остане министер и кој ресор би го водел

Министерот за здравство Азир Алиу не открива дали ќе остане министер и кој ресор би го водел по најавената владина реконструкција за која разговорите меѓу коалициските партнери се уште се во тек.
– Мојата кариера не ја почнав со политичка функција и не верувам дека ќе ја завршам со политичка функција бидејќи тоа не е здраво прво за мене, а потоа и за политичката инфраструктура во земјата да имате човек кој со години ќе биде на политичка функција, рече Алиу денеска на прес-конференција.
Разговорите за владината реконструкција се во тек и финалните резултати се очекуваат кон средината на следната недела.
Од ЗНАМ кој е еден од коалициските партнери во Владата денеска потврдија дека засега нема конечен договор и дека сите опции се отворени дури и ако не се постигне договор.
The post Алиу не открива дали ќе остане министер и кој ресор би го водел appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: