Правниот застапник на Алијансата за Албанците утре (23.08.) ќе поднесе кривична пријава против Петар Богоевски за сторено кривично дело: „предизвикување омраза, поделби или нетрпеливост по национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа”.
Тужбата ќе биде доставена до јавното обвинителството во 12.00 часот во Скопје, соопштија денеска од Алијанса за Албанците.