Алкараз опседнат со Ѓоковиќ: Не можам да го извадам Новак од глава!

Шпанецот призна дека секогаш кога оди на тренинг мисли на српскиот тенисер

Карлос Алкараз за „Tennis TV“ призна дека Новак Ѓоковиќ постојано му е во мислите за да го надмине на АТП листата и да ја заврши сезоната како тенисер број еден во светот.

Немам што да кријам и да лажам. Мислам на Новак секогаш кога доаѓам на тренинг и земам рекет. Мојата цел е да ја завршам сезоната како број 1 на АТП листата и тоа е мојот фокус во моментов. Ова е мојот приоритет до крајот на сезоната – изјави Алкараз.

Тој исто така истакна дека кога ќе ја погоди топката размислува како да го прегази најголемиот ривал, напоменувајќи дека тоа дополнително го мотивира.

На секоја топка одиме со 100 проценти сила, тој добро да ја погоди, а потоа треба да го префрлам тоа на терен, но признавам дека не е многу лесно. Особено кога играте против Новак. Само така можам да му се спротивставам на Ѓоковиќ – заклучил Алкараз.
Да потсетиме Новак до крајот на сезоната Новак го чека Мастерсот во Париз, завршниот турнир во Торино и финалето на Дејвис купот, а тој има 2830 бодови во однос на Алкараз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.